Емили Ратајковски во петокот доживеа драма пред својот дом во Лос Анџелес кога босонога истрча од својот дом на улица, бидејќи ѝ побегна кучето Колумбо.

Манекенката беше снимена како во паника трча низ улицата и го извикува името на својот миленик, а наскоро се појави и нејзиниот сопруг Себастијан Беар-Меккард за да ѝ помогне во потрагата.

За брзо време тие го најдоа кучето и Емили можеше да се смири.


Исто така, таа и нејзиниот сопруг добија многу критики поради нивната преселба за време на пандемијата од Њујорк, каде што е најпогоденото место во САД и има најголема стапка на смртност, во Лос Анџелес.

Емили често поминува време во Лос Анџелес, бидејќи повремено и глуми. Таа се појави во филмот на Афлек „Gone Girl“ и во серијата „Entourage“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.