Вељко Ражнатовиќ, синот на Цеца Ражнатовиќ, се ожени со свршеницата Богдана, а свадбата на деценијата сепак не можеше да помине без скандал.

Имено, среќата на младенците се обидоа да ја засенат поранешната девојка на Вељко, Маша Терзиќ и поранешното момче на Богдана, Урош, кој едвај дочекал да се пожали на новинарите.

Имено, поранешната девојка на младоженецот, Маша, предивзика скандал со нејзините коменатри на социјалните мрежи. Прво напишала како само таа не добила покана за венчавката, додека нејзините браќа биле повикани, а потоа додала дека и таа ќе се омажи брзо, што е знак дека ја погодила среќата на Вељко со Богдана.

Од друга страна, сигурно не случајно новинарите баш на денот на свадбата го сретнале поранешното момче на Богдана, Урош и тоа во кафуле во близина на куќата на Богдана. Тој внимателно следел како пристигнуваат сватовите и нервозно чекал да се појави убавата Богдана во венчаница. Друштво му правеле најблиските пријатели кои не криеле дека Богдана е најголемата и непрежалена љубов на Урош. Дури и го тешеле дека ќе ја преболи. Тој пак признал дека се плаши од Вељко, посебно кога видел како единецот на Цеца, го  погодил јаболкото од прва.

Нека и е со среќа, тоа беше детска љубов. Немојте да ме фотографирате да не ме дофати Вељко со онаа пушка со која го гаѓаше јаболкото – рекол Урош.

Младенците не дознале што коментирале нивните бивши љубови, а Цеца останала во шок кога видела до каде се подготвени луѓето да одат поради завист и љубомора, но само искоментирала: Кој губи нека се лути!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.