Драгица Стевковска – Дракче познатиот телевизиски лик од емисијата „Патот на светлината“ е личност која зад екраните водела тешка битка. Се борела со рак на матката, кој ги зафатил и дебелото црево и бешиката. Викендов Драгица Стевковска Дракче објави фотографии од посетата на манастирот Св. Василиј во Острог.

Таму во далечините, таму кај што ноќна светулка фенер пали.. таму кај што дивото нане и лавандата во опоен мирис ја ставаат нокта…
Таму кај што камбаните удираат силно, се слева река од луѓе барајки мир, здравје и срека… Помешани чувства со солзи и молитви до небо…
Слушни ги светилнику на верата… Слушни ги Свети Василије мачните души и услишај ги молитвите, исчисти ги раните од срцето на секој кој се поклони и побара покајание за своите грешки! Со тебе сме во век и векови Амин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.