Денес на градските гробишта во Бутел беше погребан композиторот, пејач и водител, Драган Вучиќ, кој вчера почина како последица од корона вирусот. Како што налага протоколот, на погребот присуствуваа неговит син Мартин со сопругата и уште тројца членови од семејството. Сопругата на Драган, Весна не присуствувала на погребот.

Подалеку и на растојание имаше и околу 40тина блиски на семејството Вучиќ, но и многу негови колеги од телевизиите и пријатели. Ретко кој од нив можеше да се препознае, бидејќи, како што налага протоколот сите беа со маски и на растојание.

Посмртните останки на Драган беа пред капелата, каде се палеа свеќи и се запишуваа во книгата на жалост. „Почивај во мир легендо“, „Нека ти е лесен патот кон ангелите“, „Никогаш нема да те заборавиме, легендите не умираат“ се само дел од пораките кои беа запишани во книгата на жалост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.