Фетишите се уште се табу-теми за многумина. Иако некои се сосема безопасни, има и такви кои за многу луѓе се сосема неприфатливи и перверзни.
Една девојка вели дека открила нешто што воопшто не очекувала да го види во спалната соба на своето момче.
Би рекла за себе дека сум нормална 26-годишна девојка, која сака нормален секс и има хармоничен однос со својот партнер – ја почнува таа својата приказна.
Едно попладне, нејзиното момче излегло надвор еден час, а таа останала сама во неговиот стан и решила малку да ја среди спалната соба.
Тогаш, следувал шок за неа.
Ја отворив фиоката покрај креветот и меѓу неговата чиста облека најдов женски, носени гаќи. Прво мислев дека се туѓи, но потоа сфатив дека тоа се мои гаќи – вели таа.
Таа вели дека фактот дека гаќичките се нејзини не ја намалува нејзината збунетост.
Претпоставувам дека тоа значи дека тој сака да ми ги мириса носените гаќи, но бев шокирана што не знаев за тој дел од неговата личност. Тој веројатно знае какви се моите ставови за тоа прашање, како и дека сум голем пурист, па веројатно затоа не сакал да ми каже за ова – вели таа.
Од тој момент, таа почнала да се сомнева во сè во врска со нејзиното момче.
Го сакам, но сега мислам дека воопшто не го познавам. Не можам да не се прашувам дали тој е перверзен и што друго крие од мене – заклучува таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.