Пред погребот на принцот Филип, членовите на кралското семејство разговарале за него присетувајќи се на заеднички фотографии.
Најголемо внимание привлекла фотографија сликана од Кејт Мидлтон, а накоја се гледа како кралицата Елизабета Втора и принцот Филип позираат опкружени со седумте правнуци.
Фотографијата е направена во 2018 година во замокот Балморал, а на неа се наоѓаат принцот Џорџ, принцот Луис, принцезата Шарлот, Миа Тиндал, Лена Тиндал, Ајсла Филипс и Савана Филипс.
View this post on Instagram
„Кејт е толку талентирана за фотографирање, обожавам да ги гледам нејзините слики“, „Слатка фотографија“, коментираат обожавателите на кралското семејство.
На официјалниот инстаграм-профил на Палатата, може да се види и уште една, досега непозната за јавноста, семејна фотографија на кралското семејство.
На неа се наоѓаат кралицата и принцот Филип со Вилијам и Кејт и нивните деца Џорџ и Шарлот. Фотографијата е направена во 2015 година, три години пред да се роди принцот Луис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.