Познатиот српски пулмолог, педијатар и алерголог д -р Бранимир Несторовиќ вели дека се покажало дека имунитетот трае и до десет години по прележаната инфекција со коронавирус.
Луѓето кои работат со мали деца и кои имаат мали деца, сигурно веќе имаат развиено некаков имунитет, вели пулмологот Бранимир Несторовиќ.
Пристигна четвртиот корона бран во цела Европа. Потврдено е дека имунитетот е многу добар по прележаната инфекција. Русите сега покажуваат дека имунитетот трае најмалку десет години. Ние кажувавме дека ќе има рок на траење од три до пет години.
Мислам дека ова е 84 -та недела од епидемијата. Според сите параметри, веќе моравме да излеземе од пандемијата. Сега, после се, гледаме дека нема некоја претерана разлика помеѓу земјите што имаа строги мерки, кои немаа никакви мерки, а земјите што се најмногу вакцинирани како Израел и Велика Британија имаат се уште многу заразени. На факултет ме учеа дека секоја следна мутација го ослабува вирусот, но сега гледаме дека секоја следна варијанта е се повеќе вирулентна – вели експертот.
Несторовиќ вели дека е чудно што и по една година не знаеме многу за вирусот.
Еден чешки виролог рече дека треба да се „затвори“ пештерата од која излегуваат овие лилјаци. Делтата уште не беше помината, и веќе му се појави, ламбда која веднаш исчезна. Прилично е збунувачки, мислам дека дојдовме до колективен имунитет минатата пролет. Бидејќи имаме над 50 проценти од вакцинираните, повеќе не треба да имаме проблем, но не е така. Неверојатно ми е што за година и половина уште не знаеме ништо за вирусот.
Дневно се објавуваат 50 до 100 трудови и неверојатно е што ние се уште не знаеме речиси ништо за тоа. Јас ја погледнав мојата книга во која пишував за САРС и во која беше напишано дека луѓето кои работат со деца и кои имаат мали деца веќе имаат некаков имунитет и многу поретко имаат тешки форми на вирус, вели популарниот Несторовиќ и додава дека овој вирус има многу сличности со сарсот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.