Додека Жоакин Гузман – Ел Чапо (62) чмае во затворот ADX во Колорадо, изгледа неговата сопруга Ема Аспуро (30) ужива во животот и тоа на луксузен начин – одмора во Италија, опкружена со луксуз и гламур.
Так, младата Ема, не само што ужива, ами и споделува – на Инстаграм во стори објави фотографија на која се вози со гондола по Венеција, а пренесува Daily Mail.
Годишниот одмор на Ема доаѓа само две недели откако сојужен судија во Бруклин го осуди нејзиниот сопруг, водачот на Синалоа, меѓународен наркокартел со седиште во Мексико, на доживотен затвор.
Поранешниот директор на затворот во Колорадо, Роберт Худ, кој работел таму од 2002 до 2005 година, го опишува како „полош од смртта“, а во него казна отслужуваат криминалци над криминалците, како на пример бостонскиот бомбаш Џохар Царнаев и терористите Закарис Мусауи и Рамзи Јусуф.
Иако од ADX никој не успеал да избега веќе 25 години, Худ е повеќе од убеден дека Ел Чапо барем ќе се обиде да избега.
Ел Чапо е еден од четиристоте затвореници кои минуваат 23 часа затворени во минијатурна бетонска ќелија, во која им доставвуаат оброци, што значи дека јадат во непосредна близина на чучавците.
Поранешната американска учесничка на изборите за унавина Ема Аиспуро Корнел, која во моментов е во Италија, не смее да го посетува сопругот, можат да го видат само седумгодишните близначки Марија Жаокина и Емали Гвадалупе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.