Основачот на американската компанија „Зум видео комуникејшнс“, Ерик Јуан, за само неколку часа стана побогат за 6,6 милијарди долари.

Како што објави Блумберг, ва берзата вчера, акциите на „Зум“, која нуди главно услуги поврзани со видеоврски и видеоконференции, за неколку часа пораснале за околу 26 отсто, на скоро 410 долари. Според познавачите, ако овој тренд продолжи уште еден ден, богатството на Јуан ќе надмине 20 милијарди долари.

Акциите на компанијата нагло пораснаа по објавувањето на позитивните извештаи на компанијата. Јуан е извршен директор, претседател на бордот директори и сопственик на „Зум“.

Популарноста на апликацијата „Зум“ значително се зголеми за време на пандемијата на корона вирусот кога многу луѓе ја користеа интернет-комуникацијата. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.