Анабел Шарма ја гледала својата мајка како умира покрај нејзиниот болнички кревет, додека и двете се бореле со коронавирусот, пренесуваат британските медиуми.
Марија Рико (76) од Личестершир во Велика Британија ја извади маската со кислород за последен пат да разговара со своите две ќерки знаејќи дека и се наближува смртта.
Анабел Шарма, ќерката која лежела покрај неа, вели дека тој момент и се скршило срцето, но од друга страна и е драго што знае дека најзината мајка не умрела сама. Вели дека починала околу половина час по симнувањето на маската.
Мојата мајка ги замоли да и ја тргнат маската, а тие и рекоа: „Тогаш кога ќе ја тргнеме, нема да имате уште многу време, рече Анабел, а нејзината мајка ѝ одговорила дека не се плаши да умре и дека е подготвена.
Ми рече дека морам силно да се борам зошто дома имам деца – рече таа.
Другата ќерка Сузана, исто така смеела да присуствува, а носела и заштитна опрема. Ја држевме за рака до последен здив. Утешен ми е фактот што можевме да бидеме со неа, а знам дека и на мајка ми тоа и донесе утеха, рече Сузана.
Бидејќи Анабел остана во болница по смртта на мајката, погребот мораше да го следи преку лајв стрим.
Ги молам луѓето да ги следат сите мерки за претпазливост и да размислуваат за другите, заклучува Анабел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.