Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, денеска по
повод новогодишните празници традиционално подели новогодишни пакетчиња
во Здружението на глуви и наглуви лица-Куманово, како и на децата од
ромската етничка заедница.

Денеска заедно со Дедо Мраз традиционално го посетивме Здружението на глуви и наглуви од Куманово каде поделиме новогодишни пакетчиња. Пакетчиња денес добија и децата од ромската заедница. На дечињата им посакав следната 2022 година да им се оствари се што ќе посакаат, да бидат среќни, здрави, весели. Како општина ќе продолжиме да имплементираме мерки кои имаат за цел да го подобрат животот на сите граѓани во Куманово, без разлика на нивната етничка, верска или каква било друга припадност, а во пред празничниот период што следи ќе поделиме уште пакетчиња на повеќе дечиња. Куманово е град за сите и Куманово ќе продолжи да биде градот на соживотот“, рече Димитриевск



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.