Исповеста на девојката, која во борба за подобар живот се согласила на брак поради документи, деновиве го обиколува Балканот. Се работи за Србинка, која се омажила во Швајцарија, а својата приказна ја објави во белградски медиум.

Наполнив 31 година во ноември. Се омажив за човек кој е постар од мене 40 години. Сè почна како бегство од сиромаштијата. Се запознав со него кога работев во Швајцарија како дадилка. Не сум ни грда, ни глупава, имам завршен факултет и магистратура.

Баш оптприлика кога титулата „магистер“ во нашата земја престана да важи, јас собрав онолку багаж колку што можеше да собере една мала торба, која таа недела ја купив од кај Кинезите за 300 динари. Жената која ме пречека чудно ме гледаше кога сфати дека тоа е целиот багаж што го носам. Во таа торба беше целото мое богатство.

Кога ќе погледнам назад, сфаќам дека побегнав од сè што сакав, дека се „спасив“ од сè по што сега патам. Ги бројам деновите за враќање во Србија. Кога ќе дојдам дома, гушкам сè што порано ми бодело очи. Тој ми помогна околу кредитот на мајка ми, долговите за струја на татко ми (секако, разведени се), околу погребот на дедо ми, нешто за брат ми…

Јас поради сè ова горе наведено заминав во Швајцарија за од првото дрво даги наберам парите. А, тоа дрво го најдов одма. Има 40 години повеќе од мене. Тој е супер, интелигенција, став, манири, висок, згоден, стар. А, кога сè ќе се собере, ми помогнал со околу 5.000 евра. Сè после тоа, беше само мое изживување, за да го спречи мојот слом.

Јас се продадов себе за 5.000 евра!

Е, дотаму е стигнато во Србија. Не сум јас единствен магистер, а сум далеееку од грда. Но, потклекнав под притисокот на 25 години. Има доста со еднакви и многу поголеми квалитети помеѓу девојките во Србија, но колку ќе издржат и тие, е само прашање на време.

А, каква свадба беше тоа, само чантата ми беше „Кавали“…Но, без оглед на цела ситуација, до сите девојки на Балканот, без оглед што можеби родителите ви се разведени, сиримашни сте, неостварени…Ве молам издржете! Ќе се каете ако го сторите истото што и јас. Јас не само што сакам да се вратам, туку сакам и годините да си ги вратам.

Не се давајте за нешто што некому му е месечна плата. Јас само од игра на судбината сум омажена, а не елитна спонзоруша или кол-девојка. Издржете!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.