Девојката на Илон Маск, Клер Елис Буше, објави дека е позитивна на корона вирус.
Ексцентричната канадска пејачка, продуцентка и артистка, позната како Грајмс, вели дека тоа за неа и не е толку лошо искуство.
Конечно добив Ковид-19, но на чуден начин уживам во треската предизвикана од лековите – напиша таа на Инстаграм.
Триесетгодишната Грајмс и Илон Маск пред повеќе од половина година добија син.
Грајмс не открива дали Илон или нивниот син се заразени со корона вирусот.
Маск пред три дена стана најбогат човек на светот, а богатството му надминува 185 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.