Балетското Студио АРТ БАЛЕТ од Скопје под раководство на балерината Тамара Ѓурчиновска, заедно со деца претставници од Арт Балет: Антонија Атанасова, Зорица Тасевска и Нина Димитриоска, од 15 до 17 март 2019 година беше претставник на Македонија на Европското Првенство по Танц во Москва, Русија во организација и лиценцирано од Светската Артистичка Танцова Федерација.
Арт Балет издвои голема победа на Светското Првенство и се закити со 3 први места злато, едно 2 ро место сребро и едно 3 то место бронза во класичен балет, модерен балет, џез балет и акробатика.За нивната победа на ова првенство се свиреше Македонската Химна и беше објавено и македонското знаме. Македонија за прв пат имаше свој претставник Арт Балет учесник на овој Европски Шампионат во Москва, Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.