Традиционалното божикно обраќање на кралицата Елизабета Втора , во кое таа емотивно зборуваше за својот покоен сопруг и сочувствуваше со семејствата на кои им недостасуваат најблиските, била најгледаната ТВ-емисија на Божиќ во Велика Британија.

Како што пренесува „Би-би-си“, публика од 8,96 милиони луѓе го гледале празничното обраќање што се емитуваше на „Би-би-си уан“, „Ај-ти-ви“ и „Скај њус“ според рејтинзите во текот на ноќта.

Во својата прва годишна божиќна порака по смртта на принцот Филип, кралицата (95) го опиша како нејзин сакан.

Божиќ може да биде тежок за оние кои ги загубиле своите сакани – оваа година особено разбирам зошто, рече таа во претходно снименото 10-минутно обраќање емитувано во 15:00 часот по Гринич.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.