Податоците од извештајот на меѓународната хуманитарна организација „Оксфам“, покажуваат дека десетте најбогати луѓе на светот би можеле да купат вакцини за сите жители на планетата.

Нивното вкупно богатство за време на пандемијата на корона вирусот се зголеми за 540 милијарди долари и сега изнесува 11,95 билиони долари – се наведува во извештајот на организацијата под името „Вирус на нееднаквост“.

Истражувачите на „Оксфам“ пресметале дека тие пари се доволно за да се спречи пад во сиромаштија на речиси секој поединец за време на пандемијата, како и да им се обезбеди вакцина против корона вирусот.

Вредноста на богатството што го имаат овие 10 најбогати луѓе е еднаква на вкупното трошење на членовите на Г20 за опоравување од пандемијата.

Оксфам ги повикува владите да размислат за оданочување на супер богатите.

Меѓу 10. најбогати луѓе се наоѓаат лидерот на „Амазон”, Џеф Безос, сопственикот на „Тесла”, Илон Маск и основачот на Фејсбук, Марк Зукерберг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.