Силно невреме пропратено со силен дожд, ветер и град вечерва го зафати регинот на Долна Преспа.
Според градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, кој во моментот со службите е на терен, предизвикана е голема материјална штета, отсечени се села, но нема човечки жртви ниту повредени.
Во моментот сме на терен со екипи на „Македонија пат“ и Противпожарната служба, работиме на расчистување на патиштата, а во постојана комуникација сме и со медицинските тимови на Брзата помош. Силното невреме, какво не паметат постарите преспани предизвика голема материјална штета. Отсечени беа села, откорнати дрјва, кровови на куќи, срушени бандери… Во моментов нема струја, но најбитно е што нема повредени и жртви, изјави Гошаревски за МИА.
Невремето кое траело околу половина час ги уништило и земјоделските култури, а најголеми штети имало во селата кои гравитираат кон граничниот премин „Маркова нога“: Штрбово, Наколец, Крани, Долно Дупени и Љубојно.
Локалните служби, како што информира Гошаревски, се на терен, а информирани се и сите национални институции и ресорните министерства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.