На 3 јули стапува на сила забраната за употреба на еднократна пластика во ЕУ.
Пластиката е значаен материјал за економијата и секојдневието, но има сериозен негативен ефект врз животната средина и човековото здравје. Забраната се однесува на 10 производи кои најчесто се наоѓаат на плажите и на изгубената и напуштена риболовна опрема и претставуваат 70% од целиот воден отпад.
Ова е чекор напред во борбата со загадувањето од пластика и забрзување на транзицијата кон циркуларна пластична економија, соопшти на својот фесјбук профил Делегацијата на ЕУ во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.