Пријавувањето на капачите кои ќе го бараат чесниот крст во осветените води на Охридското Езеро за празникот Богојавление Водици во Охрид, почна денеска (16-ти јануари) во 12 часот.

Сите заинтересирани граѓани, ќе може да се пријават во црквите „Свети Никола Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Свети Великомаченик Георги“. Евиденирањето на пријавените капачи ќе се врши заклучно со 18-ти јануари (сабота) до 17 часот.

Пријавените капачи ќе можат да ги извршат потребните медицински прегледи во поставените шатори на охридскиот Црвен крст на 18-ти јануари (сабота) од 19 часот и во утринските часови на 19-ти јануари (недала), на денот на манифестацијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.