Овој празник секогаш се паѓаа воочи Светиот маченик Димитрија, поради што се и нарекува Митровска Задушница. Во црквите се одбележува со Света литургија и парастас.

На гробишта денеска се носат свеќи, а поповите вршат и поединечни парастаси и читаат молитви за починатите. Ако не е возможно да се отиде на гробот на покојникот, на нив им се оддава помен во црквата.

Според учењето на цквата, на Задушница, верниците се молат во храмовите и на гробиштата за покој на душата на мртвите, а прават и добри дела.

Во црвките на Задушница се споменуваат и зборовите на Свети Јован Залатоуст:

„Помагајте им на покојните и споменувајте ги. Не размислувајте да им помогнете на оние кои си заминале и испратете ваши молитви за нив“.

На овој ден најмногу луѓе се појавуваат на гробиштата во Скопје. ЈСП денеска воведува посебен сообраќаен режим во градот. На гробиштата се носи храна, која по правило ја подготвуваат домаќинките.

Задушниците никогаш не се за време на пости, ниту пак се паѓаат во посен ден, бидејќи секогаш се во сабота. Преку колачи од бело брашно, се носи и ракија, пиво, вино, вода, а во некои места и жито.

Се носат толку свеќи колку што мртви ќе бидат споменати. Заедничко за Задушница во сите краеви е одењето на гробишта и носењето храна на гробовите.

За најголем грев се смета навреда на мртвите или ако некој се протера од гробиштата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.