Во повеќето наши краеви, Велигденските празници траат три дена. Тоа значи дека денес е всушност прв ден кога луѓето, после одмор и гозби, им се враќаат на своите секојдневни обврски. Сепак, и овој ден се смета за „светол“ и има народни обичаи и верувања поврзани за него.

Повозрасните луѓе велат дека ноќеска треба да се гледа во небото. Ако е ведро и ѕвездено, годината ќе биде родна. Ако има облаци, не чека година на сиромаштја и несреќа.

На небото посебно се бараат ѕвезди кои паѓаат. Се верува дека оној кој прв ќе здогледа една, ќе има повеќе среќа од останатите. Овој обичај се поврзува и со мртвите.

Ако во семејството некој неодамна ви починал, ноќеска треба да погледнете во небото.Велат дека денес после полноќ ќе падне и неговата ѕвезда.

Денешната среда уште се нарекува и „гарава среда“, а името настанало по еден стар обичај кој во некои краеви се одржувал се до пред Втората светска војна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.