Македонската православна црква денеска го одбележува воскреснувањето за мртвите, денот кога се оди на гробиштата на оние кои не напуштиле и кога на гробовите се носат бојадисани јајца.
Првиот ден по Томината недела која се славеше вчера е воскреснувањето на мртвите.
На овој ден се оди на гробишта и се посетуваат нивните вечни домови кои се чистат и уредуваат.
Оние кои денеска ќе одат на вечните почивалишта на нивните блиски треба да се поздрават со поздравот „Христос Воскресе“.
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 март. Денеска е Св. Мартин Исповедник.
Свети Мартин живеел во седмиот во седмиот век, во Рим. Неговиот живот, исто како и животот на свети Максим Исповедник го одбележа бората против еретиците монотелити.
Императорот Констанс, кој ги поддржуваше еретиците го симна Мартин од катедрата и го доведе на суд во Цариград.
Оттаму беше испратен на заточение во Херсон (денешен Крим) каде по две години се упокои, до крајот останувајќи верен на вистинското исповедување, подоцна потврдено на вселенски собор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.