Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 август. Денеска е Преподобен Мојсеј Мурин Родум Етиопјанин, а најнапред беше разбојник и водач на разбојничка дружина. Потоа покајник и голем подвижник. Како роб на еден господар, Мојсеј побегна и се вброја меѓу разбојниците. Заради неговата голема телесна сила и безобзирност, разбојниците го избраа за старешина. Одеднаш го фати грижа на совеста и покајание за се што имаше извршено. Ја остави дружината, стапи во еден манастир и се предаде на потполна послушност кон својот духовник и на манастирскиот типик. Многу се служеше со поуките на Светите Макариј, Арсениј и Исидор. Подоцна се повлече на безмолвие во една келија, каде сиот се предаде на телесен труд, молитва, бдение и богомислие. Кога му го исповеда ова на духовникот Исидор, доби совет да пости што повеќе и да не јаде до ситост. Но кога и тоа не му помогна, тој на совет од Старецот почна ноќе да бдее и да се моли стоејќи. Потоа си постави обичај по цела ноќ да им носи на Старците вода од бунарот. По шестгодишен страшен труд, најпосле Свети Исидор чудесно го исцели од блудните помисли, мечтаења и сништа, наведувани врз него. На старост беше ракоположен за свештеник. Основа свој манастир и имаше седумдесет и пет ученици. Во овој живот поживеа седумдесет и пет години. Според обичаите денеска треба да одбегнувате земање во рака остри предмети.

Вистинскиот христијанин ја одбегнува човековата пофалба, не само што ја одбегнува туку има вистински страв од неа.

Преподобен Сава Псковски и Крипецки
По потекло Србин. Се подвизуваше најпрво во Псковскиот манастир на Пресвета Богородица, каде што беше игумен. Но бидејќи го славеа, тој бегаше од човечка слава. Се оддалечи на брегот на езерото Крипец и таму основа обител во име на Свети Јован Богослов. Сепак и овде не можеше да се скрие од славата и прочуеноста. Го посети и псковскиот кнез Јарослав со жената. Сава не ѝ дозволи на жената да влезе во манастирот, но ја благослови и Му се помоли на Бога за неа надвор од манастирот, при што ја исцели од некоја болест. Овој Божји светител се упокои во 1495 година. Неговите мошти тогаш беа и сега се чудотворни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.