Пред точно една година, Јуриј Толочко го шокираше светот кога се ожени со својата „сакана Маргот“, секс-кукла во природна големина. Казахстанскиот актер и бодибилдер, кој себе се опишува како „спортист, уметник, блогер, секс-манијал, перверзник“, направи раскошната свадба, на која присуствуваа многу нивни пријатели:
Но, 36-годишникот веќе има нова девојка, секс куклата Луна, со која иако официјално нема правено свадба, вели дека ја смета за сопруга.
Деновиве на својот Инстаграм профил со 109.000 следбеници тој објавува фотографии од медениот месец во Бугарија.
Немав шанса да одам на меден месец со Луна сè досега. Пандемијата им ги промени плановите на сите, па кога ми излезе шанса да одам во Бугарија работно, ја земав и Луна за ова да биде наш меден месец. Беше работно патување, но исто така беше и романтично, па го сметам за меден месец. Отседнавме во главниот град Софија една седмица и беше прекрасно. Бевме и во неколку ресторани на романтични вечери. Келнерите прво беа изненадени од мојата сопруга, но потоа им беше задоволство да нè гледаат, па дури и нè сликаа. Сите имаат чудна реакција, но не негативна. Децата особено ја сакаат Луна. Стилистот кој ѝ ја правеше фризурата на Луна дури ме праша и за нашиот сексуален живот, изјави Јуриј и додаде дека некои дури барале да ја допрат Луна затоа што никогаш претходно немале видено секс кукла.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.