Ширум Кина во тек се подготовките за пречек на Новата година, која Кинезите ја слават според лунарниот календар на 5. февруари, а според кинескиот хороскоп, по „годината на кучето“, 2019 е „година на свињата“.

Кинеската Нова година е најважен празник за Кинезите ширум светот, кога стотици милиони луѓе тргнуваат на пат за да прослават со своите семејства. Тоа е период на најголеми миграции кои во светот се случуваат секоја година.

Кинеските власти очекуваат дека во следните 40 дена на нивната територија ќе има речиси три милјарди патувања на кои луѓето тргнуваат со автомобили, возови или авиони.

Најмладите Кинези го слават почетокот на годината на свињата со новата епизода на „Прасето Пепа“.

Кина во вторник го слави почетокот на годината на свињата, а за најмладите тоа ќе биде посебна прилика да ја гледаат новата епизода од популарниот цртан филм „Прасето Пепа“, британскиот анимиран филм за претшколски деца.

„Прасето Пепа“ неодамна беше на мета на критиката на кинеските власти и одредени епизоди беа цензурирани на некои интернет платформи.

Серијата е толку популарна во Кина што се продава облека, часовници и шолји со ликот на симпатичното прасенце и неговата дружина. Последните недели продавниците беа посебно снабдени со плишани играчки и со колачи со неговиот лик.

Епизодата „Прасето Пепа ја слави кинеската Нова година“ ќе биде емитувана за време на распустот и во текот на одбележување на Новата година.

Властите ја ставија на списокот филмови за емитување во текот на распустот и таа епизода иако претходно го критикуваа „перверзното комерцијално влијание“ на Пепа. После тие критики, популарната кинеска платформа Дујин тргна од списокот за емитување неколку кратки епизоди од цртаниот филм.

„Прасето Пепа“ (Peppa Pig) е британска детска анимирана телевизиска серија, која премиерно беше прикажана на 31. мај 2004 година. Серијата е емитувана во повеќе од 180 држави.

Во серијата се опишуваат авантурите на женското прасе по име Пепа, нејзиниот помлад брат Џорџ, нејзиното семејство и пријатели. Пепа обожава да си игра, и да скока по калливите бари.

Секоја авантура среќно завршува со гласна смеа. Епизодите претставуваат секојдневни активности како што се одење на игралиште, пливање или посета на бабата и дедото.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.