Братот и сестрата Јелена Шпаговиќ и Момчило Дујовиќ, деца на поранешниот пратеник и член на Српската десница, Саша Дујовиќ, се уапсени поради сомнение дека ја ликвидирале пензионерката Мајда Гавровиќ од Земун.
Јелена Шпаговиќ е осомничена дека ја убила старицата Мајда Гаровиќ додека нејзиниот роден брат Момчило е осомничен дека ѝ помагал да го прикрие злосторството.
Јагленисаното тело на несреќната жена било пронајдено на 20. јуни кај Крченда.
Во близина на контејнерот каде било најдено телото, не биле најдени никакви предмети кои во тој момент би помогнале во идентификација на жената и не е јасно дали жената била убиена покрај контејнерот или на друго место, а таму само била фрлена.
Набрзо било утврдено дека станува збор за Мајда Гаровиќ која живеела во Земун.
Таа последен пат била видена на 15. јуни, а нејзиното запалено тело пронајдено на 20 јуни.
Телото на несреќната жена било пронајдено од случаен минувач, кој веднаш ја алармирал полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.