Дарко Јефремов, кој со интересните видеа што ги прикачува на Инстаграм добива сè повеќе следбеници на профилот darkovlogs, во празничниов период направи навистина инспиративно и хумано дело.
Инаку, тој работи како камионџија во САД и на социјалните мрежи прикачува забавни видеа од своите патувања.
Дарко се облече како Дедо Мраз и на скопските улици сееше радост. На многу дечиња кои стојат по семафорите на овие ниски температури, како и на низа бездомници им подари пакетчиња и измами насмевка на нивните лица.
Секоја чест, Среќни празници и тебе Дарко!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.