Дарко Лазиќ проживува нова агонија. Само што му се стабилизираше состојбата со ногата и нервите кои биле прекинати, поради што не можел да се движи, се појавија нови проблеми. Наводно на ѕвездата на Гранд му е потребна трансплатација на еден бубрег.

Дарко се уште не знае дека има сериозен проблем со бубрезите и дека судејќи по се, ќе му биде потребна трансплатација. Му кажале дека едниот бубрег му откажал, но не и дека му е потребен нов орган. Некое време ќе може нормално да живее и функционира со моменталната здравствена состојба, но ќе биде проблем ако здравиот бубрег не ја извршува својата фунцкија во целост. Во тешката сообраќајна несреќа, неговите органи се многу ослабени и мора да прима јаки терапии кои многу влијаат на работата на бубрезите кои и онака се слаби- вели извор блзиок на пејачот.

Според неговите зборови, родителите на Лазиќ се многу загрижени поради лошите вести и веќе се распрашуваат дали постои можност тие да бидат донатори на органот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.