Најмачна работа во зима е напорното и бесконечното стругање на мразот од стаклото на автомобилот.

Во тоа може да ви помогне трикот на овој човек кој воодушеви бројни корисници на друштвените мрежи.

Даниел Харис решил стругалката за мраз да ја замени со ќеса топла вода.

„Топлата вода во ќеса за храна е средство за отстранување на мразот и грееење на рацете. Користиме топла вода од чешма така што нема да се изгориме и ја намалуваме можноста да пукне стаклото. Знам како ви изгледа, но пробајте, нема да се разочарате“, напишал во опис на видеото кое го прегледале скоро 2 милиони луѓе.

видеото погледнете го овде



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.