Американската тенисерка Серена Вилијамс (37) која е долгогодишна пријателка со војвотката Меган Маркл (37), случајно откри нови детали за кралското бебе кое треба наскоро да се роди.
Веќе со месеци се води полемика и кладби дали Меган носи девојче или момче. Серена реиси во секое интервју ја испрашуваат за нејзиното пријателстов со Меган. Овој пат во ново интервју таа се збуни и случајно кажа дека Меган ќе роди девојче.
Таа ќе биде најдобрата мајка, тоа е сигурно, рече Серена.
Иако ниту еднаш не го спомна името на Меган, таа изјави дека нејзината пријателка очекува бебе од женски пол.
Во февруари Серена на Меган и приреди забава за бебето во Њујорк на кое присуствуваа 15 најблиски пријателки на Меган. Се очекува таа да се породи до крајот на овој месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.