Од политичари и бизнисмени до гатачки – така би можел да се опише широкиот круг на пријатели на Бојан Јовановски, попознат како Боки 13.

Веста за неговото апсење и активности со кои ОЈО го товари за кривичните дела „примање награда за противзаконито влијание” и за „перење пари и други приноси од казниво дело” одекна во регионот, а покрај бројните видеа ние наидовме на ова од 2008. година со гатачката со тарот карти Сабина.

Една е Сабина, скопска легенда. ‘Сабина е кралица наша’ вика Боки. Многу поздрави и бакнежи од мене до Боки. Тоа е срце мое. Прекрасно дете. Он е роден во 86. година, исто како мојот син. Но, за неговите години БРАВО, се труди, и не сакам никој да каже лошо за мој Боки 13. Тој е прекрасно на мамичка детенце. Убаво пееше и добар си е.Има и такви, тој е шоумен“ вели Сабина во емисијата „Тарот со Сабина“ на АТВ.

Видеото е снимено во мај 2008. година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.