Тројцата најмлади членови на петчленото семејство го привлекуваат вниманието на преслатката фотографија. Имено, Кенсингтонската палата објавила фотографија од принцот Вилијам и Кејт Мидлтон и нивните три деца, принцевите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот, а која е всушност божиќна честитка на славното семејство.
Фотографиите настанале есента на кралскиот имот во Норфолк каде членовите на семејството веќе традиционално го минуваат Божик.
„Прекрасно семејство“, „Луис расте многу брзо“, „Среќно семејство“, се некои од ласкавите коментари на обожавателите и следбеници на кралското семејство.
Честитките ја вклучуваат и досега необјавената фотографија од приемот после венчавката а на која принцот Вилијам и Кејт Мидлтон прегрнати гледаат огномет во Виндзор.
И покрај шпекулациите за лошиоте односи во семејството, принцевите Вилијам и Хари и нивните подобри половини, Кејт Мидлтон и Меган Маркл, заедно ќе го минат Божик во кругот на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.