Дачиа Сандеро е најпродаваниот автомобил во Франција во 2021 година. Градскиот автомобил на романската марка, која и припаѓа на конзорциумот Рено, годинава е продаден во повеќе од 67.000 примероци на поединци.
Според податоците „Ц-Вејс/Аутовејс“, Дачиа Сандеро е далеку пред двата модели на Пежо – 208 (35.000 регистрации) и 2008 (27.000 регистрации). Рангирањето направено од „Аутовејс“, автомобилската филијала на „Ц-Вејс“, маркетинг консултантска фирма специјализирана за податоци, го истакнува успехот на теренските возила меѓу Французите. Всушност, има три модели од овој тип на возила во топ 10: покрај Пежо 2008 (третото), тука се и Рено Каптур (четврто) и Дачиа Дастер (петто).
Тесла Модел 3, исто така, има сензационален влез во топ 10, откако продаде речиси 4.000 примероци минатата година, а ја зголеми и својата продажба за петпати во 2021 година (повеќе од 18.000 регистрации), со што се позиционираше на осмото место, помеѓу Тојота Јарис и Цитроен Ц3. Тесла е единствениот 100 отсто електричен модел, кој се наоѓа на првите десет позиции, додека Рено Зое е на 11. место.
Меѓу моделите кои излегоа во 2021 година, најдобро пласиран е Рено Аркана, уште еден СУВ. Тој е на 19. позиција за најпродавани автомобили оваа година (скоро 9.000 регистрации), веднаш пред Дачија Спринг (8.000).
Ако се земе предвид продажбата на автомобили на поединци, компании, компании за изнајмување, администрации и друго рангирањето е сосема поинакво. Тогаш Пежо 208 е на прво место (со скоро 84.000 регистрации), веднаш пред Рено Клио (82.000), а Дачиа Сандеро е на третото место (76.000). Пежо 2008 и Цитроен Ц3 ги комплетираат првите пет местра. Пежо доминира со 274.000 продадени возила (17 отсто удел на пазарот), пред Рено со продадени 261.000 (16,2 проценти) и Цитроен со продадени 156.000 возила (9,7 отсто удел на пазарот).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.