Во центарот на Куманово во куќа на улицата „Никола Карев“ живее сама 52-годишната Лидија. Таа е неподвижна, болна, а за оваа стара куќа плаќа кирија. Греењето не го пушта бидејќи нема со што да плати. Студените денови ги поминува покриена со три или повеќе ќебиња.

Укината и е социјалната помош. Одговорот бил дека дека не е способна за работа и дека зема паричен надоместок за помош и нега од друго лице, во висина од 4.300 денари месечно.

Со тие пари Лидија треба да ја плати и киријата.

Лидија не може да ги купи потребните лекови бидејќи тие 4 илјади денари не и се доволни ниту за храна и со нив ја плаќа киријата.

Денот го поминува лежејќи и со болки. Како што вели, често пати останува гладна бидејќи нема што да јаде.

Бара од сите хуманите луѓе да и помогнат со храна и со плаќањето на киријата.

Контакт Лидија: 078-205-314



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.