Малата Михаела која е родена на 19.11.2017 година од Куклиш, Стумица, во овие дваесет месеци од својот живот секојдневно има непознати епилептични напади. Наместо таа и нејзините најблиски да се радуваат на нејзините први зборови, тие овие дваесет месеци ги минуваат низ болничките ходини барајќи помош, дијагностицирање и соодветна терапија за Михаела.

Ниту еден ден не поминува без болните епилептични напади на Михаела, грчеви, напади и плачење без престан деноноќно! Сите прегледи што се направени во нашата држава, лечења и терапии не ја подобруваат нејзината состојба, бидејќи уште не е дијагностициран проблемот и точната дијагноза на Михаела…

Но, сепак постои можност, една шанса да се олесни животот на оваа мало девојче.

Докторите од клиниката Helios Klinikum Niederberg GmbH, Билберт-Германија врвни специјалисти во областа на неурологијата ветуваат многу за Михаела. Единствената нејзина шанса е токму овде, да се дијагностицира проблемот, да се добие соодветна терапија и да се олесни нејзиниот живот.

ПОТРЕБНАТА СУМА ЗА ИСПИТУВАЊА НА МИХАЕЛА СЕ НАД 6.000 ЕВРА.

Нејзиното семејство не е во можност да ги обезбеди овие средства, затоа сме овде ние…Да помогнеме и да донираме на нејзината сметка.

300031000004220 ХУМАНИТАРНА СМЕТКА ЗА МИХАЕЛА ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.