Да ја познаваш Лидија, ќе научиш лесно лекција за моќта на волјата, позитивната мисла, борбениот дух и истрајноста заедно. Лидија е пример како едно кревко суштество можи да се бори лавовски со сите животни предизвици носејќи ја на плеќи Мултиплекс склерозата како најголем предизвик. Како болеста напредуваше, така борбата стануваше поголема- многу лавиринти, многу препреки, многу труд,верба и неоткажување- на ред е следниот голем чекор за кој како и претходно Лидија бара ваша поддршка и помош: третманот кој ветува, треба да се направи во Куба и за тоа се потребни итно 20000евра. Да ги отвориме срцата и да бидиме “ветер во грбот”на оваа прекрасна жена синоним за борбеност и истрајност и крајно, да ја видиме Лидија исправена. Од овој момент, секој издвоен динар, за неа е парче надеж по патот кој макотрпно го оди, стои во Фејсбук статусот со кој се бара да бидеме хумани и да помогнеме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.