Да им помогнеме на двете дечиња кои нема кој да ги испрати на училиште. Братчето и сестричето од кумановското село Степанце со оскудна гардероба заминуваат на училиште, а ни сами не знаат како ќе ја поминат зимата. Гладни, боси, премрзнати… Се работи за фејсбук акција за помош за децата, а сите доборнамерници се добро дојдени! Да им помогнеме заедно на братчето и сестричето.
Фејсбук пост на Жарко Василевски:
Дали ги гледате вашите и другите деца дотерани, насмеани, среќни, весели, со нова облека како се фотографираат на почетокот на учебната година?
Дали вие како родители ги испративте до училиштето и ги опсипавте со внимание, храброст, честитки, гушкање, желби за подобро утро…?
Да ?
Е на братчето и сестричето од кумановското село Степанце тоа никој не им го направи. Тие самите во оскудната гардероба која најчесто е донација и не е ниту за нивна возраст ниту некогаш купена за нив сами отидоа во локалното училиште стискајќи се и плашејќи се што ќе биде УТРЕ и како ќе се снајдат во предстојната зима?
Овие две мали дечиња од кое едното е шесто оделение а другото (девојчето) е деветто оделение живеат во апсолутно катастрофални услови со својот 70-годишен татко кој едвај сам за себе се снаоѓа без можност некако да им помогне.
ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ СИ И СО БОГА !
Нивната мајка е одамна почината по што почнува тешкиот живот кој им го уништува детството секој ден.
Немаат храна!
Немаат облека !
Немаат прибор за на училиште !
Немаат огрев !
Немаат пристоен дом за живеење !
Немаат никаква помош од никаква институција ниту пак некое лице !
Имаат потреба од нашата помош !
Ќе ве замолам кој може со било каква донација да помогне !
Да помогнеме луѓе на едни дечиња кои имаат премногу грижи за едно детство кое ете некогаш знае да биде сурово.
Следува државен празник , 8 септември, јас со неколку пријатели ќе одам кај нав, како и до сега кога можевме го правевме тоа многу пати…
Пишете јавете ми се со цел да покажеме дека сме свесно и совесно општество, ОПШТЕСТВО ЕДНАКВО ЗА СИТЕ !
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.