Ивона Неговановиќ – Цуца го ограбила станот на поранешната газдарица Лилјана Мириќ, кај која живеела помалку од една година.

Сопственичката на станот во Чукарица поднела кривична пријава против пејачката што ја поврзуваат со покојниот Шабан Шаулиќ.

Цуца со поранешниот љубовник Раде Чокан изнајми стан во февруари минатата година и заедно живееја неколку месеци, се’ додека не се скараа и испотепаа. Слушнавме како викаат еден на друг, само ни предизвикауваа грижи и главоболки, открил извор за српски „Курир“ и додал дека музичарот од Виена брзо си ги спакувал работите и си заминал, додека таа останала и понатаму таму да живее.

Таа се фалеше дека пее за време на викендите и заработува сопствени пари, па затоа може да си дозволи да го изнајми станот во кој живеела. Сепак, газдарицата се налути кога Ивона почна да собира мачки во станот и не внимаваше на хигиената, па непријатна миризба се ширеше и чувствуваше дури и во ходникот. Соседите редовно се жалеа на нејзиното однесување, па Лилјана на почетокот на декември минатата година, беше принудена да и го откаже станот, со рок од еден месец за иселување, објаснил изворот за српски Курир.

Цуца во меѓувреме не се јавуваше на телефон, ниту пак одговараше на пораките. Кога сопственичката на 6-ти јануари дојде во станот за да се раздолжат, затекна празни празни соби! Цуца се спакувала, ги собрала работите и избегала. Пејачката украла термо-електричен панел со тајмер од дневната соба, неотпакуван клима уред кој се’ уште не бил вграден, стилска комода со три фиоки за чевли, голема салонска маса, тепих, прекривка за брачен кревет, двосед и фотелји, ролетни, наткасна со столна ламба, столица кој била антиквитет, комплетниот прибор за јадење и садовите, па дури и дрвената даска за тоалетната шолја од ВЦ-то…, заклучил изворот.

Случајот веќе е пријавен во полиција и се работи на негово расчистување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.