Ежовите се многу мили и корисни животни. Ако во дворот редовно мате еж, не треба да стравувате од штетници – полжави, змиски јајца, јајца од различни инсекти и др.
Има преку 25 видови ежови, кои спаѓаат во групата цицачи, во редот на инсективори.
Во постудените краишта ежовите спијат зимски сон, а на пролет женката еж окотува 4-5 малечки. Боцките на ежот, всушност, се стврднати влакна, а младенчињата се раѓаат со меки боцки кои дури подоцна им стануваат ефикасна заштита.
Ежот е многу храбра животинка, па потребна е итрина за да се победи. Кога ќе се најде во опасност, се свива во малечка боцкава топка и така се брани од натрапници.
Бебето еж треба да се стопли со термофор или греалка, а ако е навистина многу мало, прво хранете го со млако млеко. Во млекото наквасете крпче и дајте му го да го цица или хранете го со шприц.
Кога ќе потпорасне, може да му дадете салата, јаболко, па и инсекти.
Ако во околината има змии, размислете да направите ежарник во дворот. Во едно катче поставете гранки и слама, а под нив нвечер ставајте јаболка, морков, салата, целер… Можеби ќе имате среќа да ви се досели семејство ежови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.