Во август 2002 година силен ветер ја урна најкрупната гранка од чинарот заедно со дел од старото стебло. Тоа беше причина да се заштити и конзервира од вакви слични временски неприлики, но се чини дека оттогаш досега не се преземени никакви други дополнителни мерки бидејќи дрвото очигледно дека не е доволно заштитено, пишува „Охридпрес“.

Помали оштетувања се регистрираат секојдневно, а древното дрво, кое според легендата, го засадил лично Свети Климент Охридски уште во првата половина од деветтиот век, денес е буквално потпрено на бандера за да не падне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.