Гордите родители принцот Хари и Меган Маркл соопштија дека бебето Арчи има црвена коса како и принцот Хари. Бебето во сите медиуми и од најблиските е опишано како многу весело.

Тој е многу весело бебе. Има прекрасни нозе и црвена коса. Неодолив е! – открил извор близок до кралскиот пар.

Црвената коса е наследена од семејството на принцот бидејќи е познато дека во семејството на неговата мајка, починатата принцеза Дијана црвената коса била често застапена.

Иако е откриено дека бебето е црвенокосо, не е откриено на кого повеќе личи, дали на Хари или Меган.

Сите велат дека бебињата можат да се променат многу брзо. Засега само набљудуваме како тој се менува во овие денови. Неговиот изглед се менува од ден во ден, па кој знае – изјави Хари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.