Драган Стојчев од Свети Николе ја води тешката битка со коронавирусот, а што неговите сограѓани апелираат кој колку може да помогне на неговото семејство.
Драги мои Светиниколчани, ја пишувам оваа објава со цел да му помогнеме на нашиот сограѓанин чичко Драган Стојчев во неговата битка со Коронавирусот. Моментално чичко Драган се наоѓа во болницата Жан Митрев и е во критична состојба. Од утре во локалот Тајм Аут ќе биде поставена кутија за донации. Ве молам кој колку може да помогне и со тоа да дадеме надеж на негово семејство.
Да донираме за овој човек да продолжи да живее нормално и да овозможиме неговите очи да светат од радост повторно.
Нашиот скромен допринос за него во моментот значи многу. Сите заедно и сплотени ќе ја извојуваме битката на чичко Драган, во која ќе бидеме победници.
Однапред ви благодарам и ве замолувам за масовно споделување на објавата за да допре информацијата до што е можно повеќе луѓе!
За донации од странство:
IBAN code: MK07210501639317121
SWIFT: TUTNMK22
Bank name: NLB Banka AD Skopje
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.