Четиригодишно момче од американската сојузна држава Вашингтон, под душек во домот, пронашло наполнет пиштол, по што на бремената мајка и пукало в лице, објави агенцијата АП.
Дваесет и седумгодишната девојка била со своето момче и заедно гледале телевизија во саботата, кога нивниот син го пронашол пиштолот, соопшти полицијата.
Момчето случајно ја застрелало мајка си во лице, соопштиле извори од истрагата.
Жената, која е во осмиот месец од бременоста, била хоспитализирана со повреди опасни по живот. За време на викендот таа била префрлена во друга болница, а нејзината состојба се подобрува.
Таткото во полиција изјавил дека огненото оружје го поседувал поради заштита.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.