Корисничка на „Твитер“ го споделила своето лошо искуство со роденденската торта. Таа е веганка и одлучила роденденот да го прослави во ресторан.

Кога требало да ги дувне свеќичките, наместо тортата што ја очекувала, ѝ донеле тањир на кој имало само едно тркалце банана и со вегански чоколаден сируп биле напишани зборовите „Среќен роденден“.

На девојката која се потпишува како Јасмин, овој гест воопшто не ѝ бил интересен.

Излегов да го прославам роденденот, а тие ми донесоа тркалце банана наместо роденденска торта, напиша Јасмин.

Дека нејзиниот случај не е единствен потврдила уште една девојка која објавила фотографија од чаша полна со мраз со вишна на врвот.

Еднаш излегов да го прославам роденденот и тие ми дадоа чаша полна со мраз со вишна на врвот, напишала таа.

Коментарите на „Твитер“ се поделени, но повеќето корисници се шегуваат дека можеле барем да ѝ дадат цела банана, а не само едно тркалце.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.