Со оглед на новонастаната ситуација со Ковид -19, Часот на планетата Земја одлучи да ги откаже сите јавни закажани настани. За тоа, но и за другите активности кои можете да ги имате дури и во период на изолација, прочитајте го нивното соппштение, кое го пренесуваме во целост:
Во периоди на криза можеме да покажеме дека само ние како поединци имаме моќ да направиме промена!
Во моменти кога целиот свет се обединува во борба против уништувањето, без разлика дали се тоа смртоносни вируси, или пак климатските промени, треба да останеме смирени и фокусирани, а самосвеста да ни биде на највисоко ниво!
Исклучувањето на светилките од јавните простори да го пренесеме во нашите домови и заеднички да испратиме порака за спас на планетата, бидејќи сега и е најпотребна нашата помош! Часот на планетата Земја ги откажува сите јавни закажани настани согласно препораките на Владата на Р.Македонија за заштита и превенција на ширењето на новиот COVID-19 вирус, па затоа ве повикуваме да ја пренесеме акцијата од улиците во нашите домови, велат од канцеларија на Часот на планетата Земја во Македонија.
Со оглед на тековната криза, Светскиот фонд за природа и глобалните канцеларии на Часот на планетата Земја ширум светот им препорачуваат на сите лица да учествуваат ВИРТУЕЛНО во акцијата оваа година, за јавното здравје и безбедност.
Но, само поради фактот што останувате дома, тоа не значи дека не можете да имате незаборавно искуство во текот на едночасовниот мрак! Составивме список на 10 работи што можете да ги направите дома или на интернет за да го прославиме Часот на планетата Земја заеднички и да помогнеме во заштитувањто на нашата планета.
Едноставно исклучете ги сите непотребни светла во вашиот дом за еден час, во сабота на 28 март од 20:30 часот!
Инаку, во минатата деценија, Часот на планетата Земја инспирираше глобално учество во критични иницијативи за природата, климата и животната средина, помагајќи во кревање на свеста за проблемите со кои се соочува нашата планета. Изминатите години, движењето помогна во создавање на 3,5 милиони хектари заштитена морска област во Аргентина, шума од 2.700 хектари во Уганда и помогна да се донесе нова законска регулатива за заштита на морињата и шумите во Русија. Минатата година, WWF-Еквадор се заложи за закон за забрана за употреба на пластични кеси, други пластични еднократни производи и производи од стиропор во главниот град, додека пак WWF-Индонезија иницираше засадување на 20.000 садници од мангрови во 13 градови.
Оваа година, Часот на планетата Земја ќе се одржи на 28 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 града во преку 180 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија.
Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.