Во капелата на замокот Виндозр денеска ќе се одржи погребот на принцот Филип, кој самиот го испланирал до најситни детали.

Кралицата Елизабета Втора ќе се збогува со својот сопруг, со кого помина 73 години, во тесен круг на роднини, и во согласност со сегашните епидемиолошки мерки во Велика Британија.

Принцот Филип почина на 99-годишна возраст во замокот Виндзор, по краток период на лошо здравје поради што мораше да биде хоспитализиран неколку недели.

Во шест часот наутро, ковчегот со телото на принцот е преместен од приватната капела во салата, од каде ќе започне поворката. Луѓето, кои не учествуваат во поворката, ќе заминат кон капелата нешто по девет часот.

Телото на принцот ќе биде положено на автомобил што тој самиот го дизајнирал и ќе биде пренесен на местото за почивање.

Капелата Свети Ѓорѓи е местото каде што ќе се соберат учесниците на поворката, меѓу кои се принцовите Чарлс, Вилијам и Хари, кој доаѓа без неговата сопруга Меган Маркл.

Меѓу членовите на семејството и гостите кои не учествуваат во поворката се војвотката од Корнвол, Камила, принцезата Јуџини, Кејт и Зара и други членови на кралското семејство.

Поворката ќе стигне до капелата во 9.53 часот, каде што во 10 часот ќе се одржи национално едноминутно молчење.

Архиепископот од Кантербери ќе ја води службата, а гостите, вкупно 30, ќе седат со почит на оддалеченост од два метра, со маски.

Хор од само четири члена ќе ги пее делата избрани од војводата од Единбург.

На крајот на службата, телото на принцот ќе биде сместено во кралската крипта во капелата.

На ковчегот на принцот ќе се положи неговиот личен грб, морнарска капа, меч и венец со цвеќиња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.