Невообичаен погреб на кој интервенирала полицијата се случил на почетокот на февруари во едно село кај Врњачка бања. Тажниот вдовец кој тагата ја лечел со алкохол, се нашол во притвор, па погребот е одржан без него.
Инцидентот избил на погребот на неговата сопруга Ј.В.(73) кога на гробиштата се појавил свештеник. Вдовецот, кој се декларирал како комунист и личност која не верува во Бога, веднаш почнал со навредување на попот.
По доаѓањето на полицијата, роднините и собраните рекле дека М.В во алкохолизирана состојба не му дозволува на свештеникот да одржи опело, бидејќи е комунист и не е верник. Тие изјавиле дека вдовецот го навредувал попот и дека се заканувал на најблиските дека нема добро да поминат, бидејќи му работеле зад грб. По собраните податоци и изјави, полицијата го контактирала дежурниот обвинител, па решено е домаќинот да се приведе. Приведен е поради сомнеж дека ќе продолжи со навредување на попот и другите собрани граѓани – изјавил извор кој бил присутен на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.