Исчезнувањето на 9-годишната Занг Зиксин пред неколку дена ја заинтригира јавноста, па сите се прашуваа што навистина се случило со девојчето за кое мистериозно исчезна секоја трага. Екипите кои трагале по неа го пронашле нејзиното тело во Источното кинеско море.

Во соопштението за јавноста полицијата навела дека девојчето најверојатно се угушило во море. Додале дека на телото немало никаков знак на насилство и дека веројатно станува збор за несреќа. Милиони Кинези биле скршени од резултатите од целиот случај, со оглед на тоа дека ја следеле целата истрга и развивањето на случајот, пренесува Си-ен-ен.

Личната карта на девојчето била пронајдена во близина на крајбрежјето пред скоро седум дена, а девојчето било видено пред повеќе од една недела кога очевидец забележал дека патува со пар. Како што наведува полицијата, тој пар изнајмувал соба во куќата во која живееле девојчето со семејството.

Полицијата го следела движењето на парот, па за два часа ги видела на снимките од една безбедносна камера, а девојчето тогаш не било со нив. Недолго подоцна двајцата се самоубиле во блиското езеро, наведува полицијата. Станува збор за 43-годишен маж и неговата две години постара партнерка, кои со години земале паро од семејства и пријатели, па банкротирале додека патувале низ Кина.

Девојчето на својот татко се јавило последен пат на 7. јули после што било прогласено за исчезнато.

Нејзиното тело било пронајдено вчера, после седум дена потрага.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.