Пејачката Северина Којиќ го изгуби старателството над синот Александар, кој според одлуката на судот во Загреб, доделен е на татко му, Милан Поповиќ.

Пејачката вознемирена, вчера околу 20 часот, заедно со сопругот Игор Којиќ, синот Александар го одвела на адресата, каде го превзел тимот на Милан.

Северина, која ја слушнала пресудата на која ќе се жали, почнала да плаче.

Не знам што би ви рекла. Не го очекував ова бидејќи е направен преседан во постапувањето – рекла Северина гушејќи се во солзи.

Северина во поранешните интервјуа зборуваше дека единствено што сакала во животот е да се освари како мајка, а кога дознала дека е бремена и дека чека син, на нејзината среќа и немало крај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.