Една мајка на своето бебе му ставила огромни акрилни нокти, потоа направила фотографија и ја споделила на социјалните мрежи, a сега поради тоа ја напаѓа цел „Reddit“.
Таму се појавила фотографија со детска рака на која се залепени предолги нокти какви што носат трендсетерките на Инстаграм. Ноктите се подолги од прстите на бебето, а фотографијата предизвикала бес кај сите Редит корисници кои ја искоментирале.
Се плашам дека детето ќе си ги ископа очите“, „Детето ќе се повреди, оваа жена не е нормална“, „Не сфатив што не е во ред додека не ја загледав раката“, се само некои од коментарите.
Подоцна се појавиле тврдења дека непознатата мајка само сакала да се пошегува, па ја фотографирала раката на бебето со огромните нокти, но тоа не ги спречило луѓето да продолжат да „плукаат“ по непознатата жена и нејзиното бебе со вештачките нокти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.